Кој е возачот кој влета со цистерна меѓу демонстрантите во Минеаполис: „Голем поддржувач на Трамп“

од Nikola Popovski

Богдан Вечирк, кој бил уапсен откако управувал со цистерната која влета во толпата демонстранти во Минеаполис, одамна и е познат на полицијата како склон кон насилство.

Станува збор е 35-годишен маж, најверојатно од украинско потекло, јавуваат американските медиуми.

Вечирк живее во Минесота и работи за „Кен Адвантаџ“, транспортна компанија со седиште во Северен Кантон, Охајо.

„Нашите срца и сочувства се со сите што жалат поради овие настани“, се наведува во соопштението на компанијата, која вели дека целосно ќе соработува во истрагата.

Не се знае многу за самиот Вечирк, освен дека е поддржувач на американскиот претседател Доналд Трамп и дека ја поддржал неговата кампања со помала сума на пари, пишува „Дејли Бист“.

Истиот портал наведува дека тој бил уапсен во 2012 година за семејно насилство и се изјаснил за виновен за помал прекршок.

Во тек е истрага за да се утврди дали тој намерно сакал влетал во демонстрантите или изгубил контрола врз возилото.

Вечирк бил пренесен во болницата со полесни повреди, откако демонстрантите го извлекле од возилото и го претепале.

Слични содржини