Кој го „минираше“ заминувањето на Роналдо во Челси?

од Vladimir Zorba

Во Англија одекна веста дека Роналдо не успеал да замине во Челси поради својот поранешен тренер.

Имено, новите сопственици на „Сините“ беа многу заинтересирани за Португалецот, најмногу поради маркетинг, иако Тухел бараше напаѓач и по враќањето на Лукаку во Интер и кога беше извесно дека Вернер се враќа во Германија.

Челси и понатаму сака да ја заврши работата околу Обамејангдо крајот на преодниот рок, а нема шанси на крајот повторно да се сврти кон Роналдо.

Причината е …Ралф Рагник.

Имено, Тухел не бил воодушевен од идејата Португалецот да дојде во клубот, а таа позиција ја засилил по консултација со сонародникот кој, откако го наследи Солскјаер, минатата пролет беше тренер на Кристијано.

Рагник на крајот од сезоната изјави дека Роналдо играл добро, но дека не можел да помогне во пресингот, а тоа не го правел ниту кога бил помлад. Ова му го кажал приватно на Тухел пред изјавата за медиумите, кои сфатија дека не може да си дозволи да ја смени тактиката поради Португалецот.

Роналдо се уште бара нов клуб, како излез се споменува Наполи, но Тен Хаг повторува дека Португалецот ќе остане иако има само еден натпревар оваа сезона. Во вчерашната победа против Саутемптон го замени Санчо, но очигледно е дека Холанѓанецот го прави тимот без него, и дека ќе добива шанса само од клупата.

Слични содржини