Кој ќе ја шминка Атиџе за Оскарите?

Документарниот филм „Медена земја“ е во трка за два Оскари, на вечерашната церемонија.

Како што е веќе познато, екипата од Македонија е веќе пристигната во Лос Анџелес, а Атиџе ги освои срцата на сите присутни, како и на големите филмски ѕвезди.

Македонките Мила и Љупка Арсовски, кои живеат и работат во САД, се оние кои ќе се погрижат за изгледот на Атиџе и екипата на Медена земја.

Hi all, we are in Los Angeles for the Oscars, supporting the double nominated documentary movie Honeyland & making sure…

Публикувахте от Âme Salon в Петък, 7 февруари 2020 г.

Тие на социјалните мрежи веќе објавија дека се во Лос Анџелес, нетрпеливо чекајќи да започнат со подготовките.

Благодарение на нивната љубов и креативност Мила и Љупка за кратко време се истакнаа во нивната работа, а нивниот салон е меѓу најдобрите во Њу Џерси.

Како ќе изгледаат македонските ѕвезди на црвениот тепих и на церемонијата останува да видиме.

Слични содржини