Кој му се заканувал на Мицкоски за да мора да побара обезбедување од Спасовски и МВР?! (фото-документ)

од desk4

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на 29 март годинава испратил барање до министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски да бидат преземени мерки за негово физичко обезбедување, пишува во документ до кој дојде Либертас.

Како што стои во документот, Мицкоски бара лично обезбедување од МВР поради закани кои ги добивал на својот личен профил на Фејсбук.

„Имено, поради заканувачки пораки, испратени на мојот профил на социјалната мрежа Facebook, Ви укажувам за присуство на висок степен на опасност по мојот живот и личниот интегритет“, пишува Мицкоски и бара постапување по барањето во најкраток можен рок“.

Не е познато кој му се заканувал на претседателот на најголемата опозициска партија, за да мора да побара обезбедување од полицијата.

Како што дознава Либертас, барањето му бил одобрено и му биле доделени двајца обезбедувачи.

Инаку, Мицкоски беше избран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ на 16. вонреден Конгрес на партијата на 23 декември 2017, три месеци пред да го упати барањето за обезбедување.

Тој беше единствен кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, по оставката на Никола Груевски кој беше на чело на партијата 14 и пол години, и мораше да се повлече најпрво од премиерската функција поради скандалот со прислушкувањето и „бомбите“, а потоа и од лидерското место во партијата по поразот на локалните избори лани./Libertas

Слични содржини