Кој не треба да ја прими руската вакцина против корона? Ако сте во овие 5 групи, ќе мора да почекате

од Берта Китинска

Експертите потсетуваат дека секоја акутна заразна болест е привремена контраиндикација за вакцината „Спутник V“ произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеја“ на 11 август која доби потврда за регистрација од Министерството за здравство на Русија и со тоа стана првата регистрирана вакцина против коронавирус во светот.

Вакцината е заснована на платформа со хумани аденовирусни вектори, чии предности се безбедноста, ефикасноста и отсуството на долгорочни несакани ефекти.Сепак, не секој може да ја прими вакцината за коронавирус.

Како што е наведено на веб-страницата stopkoronavirus.rf, вакцината не може да се дава на луѓе кои имаат туберкулоза, хепатитис Б и Ц, сифилис, ХИВ, тумор, акутен коронарен синдром, како и лица кои имале мозочен удар во последната година.Исто така, оние кои планираат да имаат деца во следните три месеци треба да избегнуваат вакцина против коронавирус.

Бремените жени и доилките, како и луѓето кои се преосетливи на која било компонента на вакцината, не треба да се вакцинираат.

Конечно, ако имате влошување на која било хронична болест, ќе мора да почекате да се смири здравствената состојба.

Слични содржини