Кој сака да го убие Лукашенко? Путин побара одговор од Бајден во врска со атентатот

од Stefanija Kuzmanovska

Во неодамнешниот телефонски разговор со неговиот американски колега Џозеф Бајден, рускиот претседател Владимир Путин постави прашање во врска со подготовката на американските тајни служби за атентат на Лукашенко. Путин не доби никаков одговор од Бајден.

Во саботата вечерта на белорускиот канал ОНТ беше емитувана специјална репортажа, во која се зборува за подготовка на атентат врз Лукашенко, киднапирање на неговите синови, како и обид за државен удар.

Терористичките акции се планирани за јуни и јули. За киднапираните деца на Лукашенко веќе било подготвено засолниште во регионот Гомел. Една од опциите која ја разработиле била да го убијат Лукашенко за време на воената парада во Минск на 9 мај.

Лукашенко оцени дека американските тајни служби не можат да организираат атентат врз претседател на земја без одобрение од претседателот на САД, Џозеф Бајден. Во координирана акција на белоруските и руските служби во Москва беше уапсен адвокатот Јури Зенкович, кој има не само белоруско, туку и американско државјанство, како и политикологот и писател Александар Федута (56). Освен нив, во Минск беше уапсен и опозиционерот Григориј Костушев.

Адвокатот Јуриј Зенкович дојде во Москва од САД преку Полска. Тој исто така планираше да се сретне со незадоволните генерали кои ќе се приклучат на акцијата за ликвидација на Лукашенко. Инаку, адвокатот Зенковиќ во САД се занимава со добивање американско државјанство на Белорусите кои сакаат да живеат во таа земја.

Полицијата има снимки кои потврдуваат дека уапсените заговорници изработиле детален план за тоа како да го ликвидираат Лукашенко. Зенковиќ и Федута се сретнале во еден ресторан во Москва затоа што биле свесни дека веднаш ќе бидат уапсени во Минск.

Заговорниците планирале да преземат радио станица и ТВ канал од каде ќе им се обраќаат на луѓето по атентатот врз Лукашенко, а тие имале намера да им предложат на полицијата и армијата да бидат лојални на новите власти.

Лукашенко им раскажа на новинарите за апсењето на луѓето кои го подготвувале атентатот за време на саботната акција на пролетното чистење на градот и засадувањето дрвја.

Лукашенко ги предупреди западните служби и нивните платеници дека доколку се обидат да спроведат слична акција, одговорот ќе биде жесток. Белорускиот претседател рече дека друга група на заговорници веќе подготвувале оружје, но тие биле уапсени на време.

Слични содржини