Кој сè дојде на роденденот на Цеца?

од Nikola Popovski

Фолк sвездата Цеца Ражнатовиќ го прослави својот 48-ми роденден во семејната вила на Дедиње, а на прославата присуствуваа и голем број познати личности.

Меѓу првите кои пристигнале била и модната креаторка и пријателка на Цеца, Маријана Матеус, како и нејзината кума, пејачката Вики Миjковиќ и нејзиниот сопруг Драгон Ташковиќ Ташкет.

Присуствувале и пријателите на Цеца, како на пример Ацо Пејовиќ, Дамир Хандановиќ, продуцентот на „Ѕвездите на Гранд“ Жика Јакшиќ, Вања Мијатовиќ, Саша Матиќ со сопругата, Филип Карајиновиќ со својата девојка, како и многу други …

Меѓу последните пристигналo момчето на Цеца, Богдан Срејовиќ, во опуштенo издание и со торба за тренинг, но се пресоблекол во елегантно одело во вилата на Ражнатовиќ.

Да потсетиме, Цеца имала бела торта на два спрата со златни детали, која била украсена со црвени рози. На горниот дел имало свеќички со број 48, како и прскалки. Во моментот кога Ражнатовиќ ги дувала свеќите, нејзиниот дечко Богдан бил веднаш зад неа.

Слични содржини