Кој здрав пијалок е еден од главните виновници за пожолтени заби?

од Stefanija Kuzmanovska

Сите знаеме дека кафето не е добро за изгледот на забите, т.е. дека е еден од главните виновници за пожолтени заби, но она што многумина не го знаат е дека еден многу здрав пијалок е исто така непријател на белите заби.

Станува збор за чајот, кој поради одредени соединенија кои ги содржат, ја убива белината на забите и ги обојува во жолтеникава боја.

Иако секој чај влијае на забите на овој начин, стоматолозите се согласуваат дека зелениот чај е најлош во таа смисла затоа што содржи најмногу танин.

Секако, тоа не значи дека треба да престанете да пиете чај, бидејќи штотуку споменатиот танин имаат добар ефект врз здравјето – штити од кардиоваскуларни болести, разни видови на рак…

Ако сакате да пиете чај, само продолжете, а за да спречите да ви пожолтат забите, сè што треба да направите е да ги миете најмалку двапати на ден.

Слични содржини