Која држава увезува најмногу оружје?

од desk2

Австралија стана вториот најголем увозник на оружје во светот, покажуваат податоците на Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (SIPRI).

Од 2017 година до 2018 година Австралија од четвртото место скокна на второто место, наведува SIPRI. Причина за тоа е купувањето голем број нови авиони и подморници поради оцената дека безбедносната состојба во таа област е под зголемена закана.

На прво место меѓу увозниците на оружје е Саудиска Арабија, додека Кина од шесто место во 2017 година се искачи на третото место во 2018 година. Индија е на четвртото место, додека на петтото место се најде Египет.

Меѓу првите десет се и Алжир, Јужна Кореја, Обединети Арапски Емирати, Катар и Пакистан.

Австралиската конзервативна влада сака да се најде и на листата на десетте најголеми извозници на оружје, но изгледа дека тоа не е толку лесно бидејќи во периодот од 2017 година до 2018 година падна од 18 место на 25 место.

„Австралија вложи 200 милијарди долари во изградбата на одбранбени капацитети, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на Австралија.

Првите десет извозници на оружје во 2018 година се САД, Русија, Франција, Германија, Шпанија, Јужна Кореја, Кина, Обединетото Кралство, Израел и Италија.

Слични содржини