Која е најиновативната светска економија?

од Nikola Popovski

Германија е прогласена за најиновативна економија во светот, откако го презема првото место од Јужна Кореја по шест години.

Неодамнешната скала на Блумберг ги покажува најиновативните земји во однос на вредностите на индексот.

Германија е на врвот на листата во 2020 година, со што заврши шестгодишната доминација на Јужна Кореја, која падна на второто место. Сингапур е на третото место, враќајќи ја својата позиција од пред две години, пишува „Фена“, а пренесува порталот „Кликс“.

САД се на деветтото место, губејќи едно место во споредба со 2019 година.

Рангирањето вклучува фактори како што се трошоците за истражување и развој, бројот на домашни апликации за патенти и бројот на домашни јавни високотехнолошки компании.

Германија постигна 88,21 од 100 можни поени. Сингапур и Данска беа земјите со најголем напредок меѓу најдобрите 10, искачувајќи по три места.

loading...

Слични содржини