Која е убавицата заради која Нејмар му заби нож во грб на пријателот? Ја откриле во супермаркет, а сега е најубава во свет

од Aleksandar Petrovski

Целиот свет бруи околу љубовниот триаголник Нејмар – Гулар – Трап.

Фудбалерот на ПСЖ, Нејмар ја заведе познатата манекенка Изабел Гулар, свршеница на неговиот пријател и поранешен соиграч Кевин Трап, тврди добро познатиот магазин „Чи“.

Германскиот голман и Нејмар беа одлични пријатели. Додека Трап бранеше за ПСЖ, тие беа многу блиски, па во меѓувреме Бразилецот се спријатели со неговата вереница Изабел Гулар.
Бразилскиот модел и Трап се во љубовна врска од 2015 година, а три години подоцна оваа згодна двојка се сврши. Се чинеше дека ништо не може да ја разниша нивната врска, сепак …

Медиумите откриваат дека нивната врска се оладила во периодот кога биле во карантин. Тие не беа долго време заедно, што Нејмар го искористил да започне авантура со својата сонародничка.
Во јуни, папараците ги фатија во Сент Тропе. Тие уживаа со пријателите во ова познато летно одморалиште.

Изабел Гулар се смета за една од најубавите жени на планетата. Оваа згодна Бразилка има 35 години и беше успешен ангел на Викторија.

Гулар е родена во Сао Паоло. Интересно е што кога имала 14 години, скаут ја забележал во еден локален супермаркет и така започнала нејзината манекенска кариера.

Вели дека е професионален модел, па се посветила на вежбање како професионален спортист, затоа што многу добро знае дека мора да работи напорно за совршена фигура.

„Јас сум професионален модел, но исто така и спортист, пријател, сестра, ќерка … Вежбањето ми помогна да се справам со стресот, во сите аспекти од животот. Пристапувам на вежбање професионално. Јас секогаш им кажувам на моите тренери дека сакам да работам како да се подготвувам за професионална спортска кариера “, рече еднаш Гулар.

 

 

 

View this post on Instagram

L’Olivier 💚

A post shared by Izabel Goulart (@izabelgoulart) on

 

View this post on Instagram

Secret garden 🌿

A post shared by Izabel Goulart (@izabelgoulart) on

 

Слични содржини