Која храна може да ги оштети забите?

од Elena Daskalova

Освен што треба редовно да се одржува дентална хигиена, постојат одредени намирници што треба да ги избегнувате доколку сакате да имате здрави заби.

Сокови

Соковите содржат многу шеќери. Тие во устата се претвораат во киселина што ја нагризува забната глеѓ и предизвикува кариес. Поради оваа причина соковите треба да ги пиете со цевка за да се избегне контакт со забите. Исто така забите треба да се мијат 45 минути по конзумирањето на сокот.

Витамини што се џвакаат

Можеби имаат пријатен вкус, но овие витамини се штетни за забите затоа што се лепат за нив. Тоа ја спречува плунката да ја неутрализира киселината и така се оштетува забната глеѓ. Доколку веќе треба да примате суплеметни, нека бидат во форма на таблети за голтање.

Суво овошје

Свежото овошје е здраво за забите, но сувото треба да се избегнува. Лесно влегува во забите и се лепи за нив, а содржи и многу шеќери.

Бело вино

Киселината што белото вино ја содржи ја нагризува забната глеѓ и ги прави подложни на кариес. Доколку пиете бело вино, јадете истовремено и сирење затоа што содржи протеини, калциум и фосфор кои ќе ја неутрализираат киселината.

Слични содржини