Кокшаров: Победивме над Пекинг, а притоа поштедивме дел од играчите за ЛШ

од Vladimir Zorba

Фото: seha-liga.com

Tренерот на ракометниот клуб Вардар, Едуард Кокшаров e задоволен по победата над Пекинг СУ во СЕХА лигата. 

„Имавме цел и успеавме да ја оствариме. Најважно ни беше најдобро што може да се подготвиме за мечот што ни претстои во Лигата на шампионите, а притоа да одмориме некои од главните играчи. Кинескиот тим напредува од недела во недела, на крајот на сезонава ќе бидат многу подобар тим отколку што беа на почетокот“, рече Кокшаров.

Владо Шола, тренерот на Пекинг, рече дека иако Вардар првпат играл со ваков мешан состав, задоволен е што неговиот тим покажал напредок во повеќе аспекти од играта, но смета дека се далеку од максимумот на потенцијалот кој го имаат.

Слични содржини