Кокшаров: Претседателот на Вардар ќе решава дали ќе бидам привремено решение

од Aleksandar Petrovski

Ракометарите на Вардар во недела во Скопје го пречекуваат тимот на Мешков Брест во рамките од Лигата на шампионите. На денешната прес – конференција тренерот на Вардар, Едуард Кокшаров меѓу другото говореше и за неговата нова улога и рече дека последниот збор ќе го има сопственикот, а негово е да работи каде што е сега.

„Дали ќе бидам привремено решение или долготрајно, тоа е одлука на претседателот на Вардар. Ние разговаравме на темата, се консултиравме, разгледувавме опции, но дефинитивната одлука ќе ја донесе тој“, рече Кокшаров.

Слични содржини