Колач од два вида чоколада

од Stefanija Kuzmanovska

Чоколаден кремаст десерт во кој ќе уживате.

Состојки:

Кора:

– 5 белки

– 120 гр шеќер

– 100 гр мелени ореви

– 1 лажица брашно

Крем:

– 1 литар млеко

– 5 жолчки

– 3 пудинзи од ванила

– 6 лажици брашно

– 100 гр шеќер

– 250 гр путер

– 200 гр млечна чоколада

– 200 гр бело чоколадо

Подготовка:

Прво подгответе го кремот за да може да се излади.

Во садот додајте ги жолчките, пудингот од ванила, шеќерот, брашното и малку млеко и сè измешајте.

Остатокот од млекото ставете го да се свари. Кога млекото ќе зоврие, оставете го на страна и измешајте ги подготвените состојки.

Вратете сè заедно да се готви на умерена температура со постојано мешање. Можете да користите и миксер, ако ви е полесно.

Врелиот крем поделете го рамномерно во два сада. Во еден сад додадете ја искршената млечна чоколада и матете со миксер додека целосно да се растопи чоколадото.

Во друг сад додадете го искршеното бело чоколадо, а исто така матете со миксер додека да се растопи.

Покријте ги двата крема со проѕирна фолија и оставете да се изладат.

Кога ќе се изладат, повторно измешајте ги. Потоа на секој додадете половина од подготвениот путер кој бил на собна температура и повторно измешајте.

Кора со ореви

Изматете ги белките додека не се стегнат и постепено додавајте го шеќерот. Кога ќе добиете цврст снег, додадете брашно и мелени ореви и сè соединете.

Намачкајте со масло и набрашнете калап со димензии 21 x 35 cm, па размачкајте ја смесата. Ставете го да се пече во загреана рерна на 180 степени, околу 25 до 30 минути. Испечената кора оставете ја да се излади.

Врз кората намачкајте половина од светлиот крем и половина од темниот крем. Потоа додадете го преостанатиот светол и на крајот преостанатиот темен крем.

Изматете го шлагот и премачкајте го колачот. Ставете го во фрижидер преку ноќ да се стегне. По желба посипете со рендано чоколадо.

Слични содржини