Колапс на хрватската платформа за вакцинација

од Nikola Popovski

Платформата „Cijepise“, на која хрватските граѓани електронски аплицираат за вакцинација против Kовид-19, доживеа целосен колапс.

Платформата воопшто не се користи во хрватските окрузи, а Звонимир Шостар, раководител на Наставниот zavod „Д-р Андрија Штампар “, потврди дека имунизацијата преку системот„Cijepise“е прекината од Градот Загреб и нема намера да продолжи.

„Вистина е, само оние кои аплицирале преку своите матични лекари се прифаќаат. Веќе не вакцинираме преку платформата“, рече Шостар утрово за „Индекс“.

Тој ги објаснил и причините за таквата одлука и изјавил дека на состанокот со информатичарите тие добиле одговор дека платформата не функционира во ниту еден округ и дека потоа се одлучиле за модел за вакцинирање на здравствени домови и закажување на матични лекари преку централен здравствен систем Цезих, пренесува Танјуг.

Шостар предупредѕва на генерално слаб одговор на платформата и голем технички проблем, што е една од клучните причини зошто тие се откажаа од неа.

„Платформата сега ги покажува само иницијалите, што ни создава големи проблеми. Не можете да го проверите статусот на вакцина преку иницијали, мора да направиме проверки, за што е потребно дополнително време“, вели Шостар.

„Индекс“ потсетува дека вчера бил откриен уште еден огромен пропуст на платформата, поради грешка во системот „Cijepise“, односно најверојатно исчезнаале 4.000 од оние кои први аплицирале.

Слични содржини