Колесникова ќе биде задржена во притвор до 8 ноември

од Stefanija Kuzmanovska

Судот во Белорусија нареди опозициската политичарка Марија Колесникова да биде задржена во притвор до 8 ноември за да ѝ се суди за обвинувањето за загрозување на националната безбедност, изјави денеска нејзиниот адвокат, пренесе РИА.

Колесникова (38) е една од најистакнатите водачи на антивладините протести во претходните шест недели.

Таа се наоѓа во притворот во Минск откако го скина својот пасош на почетокот на овој месец за да спречи протерување во Украина.

Таа е обвинета за повик на „активности насочени кон поткопување на националната безбедност на Белорусија“, соопшти претходно Истражната комисија.

Слични содржини