Колев бара македонските Бугари да бидат вклучени во преговарачкиот процес од македонска страна

од Nikola Popovski

Лидеорт на Граѓанско Демократска Унија – ГДУ и еден од претставниците на македонските Бугари во земјава, Петар Колев бара да бидат вклучени во преговарачкиот процес за спорните прашања со соседна Бугарија.

Според него, гарантирање во Уставот на рамноправност на македонските Бугари, но и нејзино спроведување во реалноста е клучот кон решавање на отворените прашања.

-Убеден сум дека таков чекор ќе ја врати довербата, ќе даде нов импулс на односите. Тоа ќе ја отвори и можноста за вклучување на Бугарите во македонскиот државен систем, нивно претставништво во институциите на системот, зошто да не и нивно вклучување во преговарачкиот процес од македонска страна. Кој подобро би можел од македонските Бугари да ја убеди Софија дека нашата држава заслужува почеток на преговори?, напиша Колев на социјалните мрежи.

Мината недела организациите на Бугарите од Македонија испратија писмо до претседателите и премиерите на двте земји, Румен Радев, Стево Пендаровски, Кирил Петков, Димитар Ковачевски, при што побараа „сите спорни прашања да се решат сега, пред почетокот на преговорите на РС Македонија со ЕУ, за да нема никогаш повеќе предуслови Бугарија да го запре овој процес“.

-Има многу аргументи против недобронамерната позиција, која има за цел да ни ги затвори очите пред отворените прашања. Тие имаат за цел да ги игнорираат овие прашања за тие или никогаш да не се решат или да постават сериозна замка во процесот на европска интеграција на PCM. Членството во ЕУ треба да биде резултат на исполнување критериуми и споделување вредности, а не само настојување да се апсорбираат европските фондови, се вели во писмото.

Слични содржини