Колев: ЈО треба да се позанимава со прашањето за цената на тестовите за коронавирусот по кризата

од Vladimir Zorba

Петар Колев од ГДУ на гостувањето на Само Вистина на „Канал 5“ изјави дека владата се вложува до максимум во моментов во однос на ситуацијата со коронавирусот и се обидува да ја стави ситуацијата под контрола.

– Неспорен е фактот, иако ние сме опозициска партија, дека Министерот Филипче до максимум се вложува во целиот овој процес, но сметам дека има уште многу мерки, кои докажале ефикасност и кои ги препорачува СЗО, би можеле во наредниот период да бидат имплементирани, вели тој.

Тој додаде и дека во последниот период политичкиот популизам во земјава го достигнал врвот.

– Иако се наоѓаме во време на криза, големите партии ниту за момент не забораваат дека ни претстојат парламентарни избори. Тој популизам стигна до лицитирање на таков тип економски мерки кои ако бидат спроведени, гледајќи го нашиот економски капацитет, тешко дека Македонија ќе може да ги издржи. Тие предвидувања од милијарди евра, да ги раздадеме насекаде доколку некој ни ги даде, никој нема да дозволи така да ги дадеме на компаниите. Партиите се натпреваруваат во тоа да лиферуваат такви ставови чија крајна цел е политички популизам и добивање на евтини политички поени, смета тој.

Според Колев од Владата нема предлози во насока на безбедноста и здравјето во општеството.

– Не слушнавме колку средства ќе бидат префрлени во здравството и од каде ќе дојдат тие пари. Не слушнавме за проблемот со респираторите. Никој не објаснува кога државава ќе подготви посериозни капацитети. Ние упативме преку соопштение порака дека државава треба да се подготви за помасовно скриниг тестирање, нешто што го прифатиле Германија, Јапонија, Израел, односно државите кои имаат успешни резултати во оваа битка. Што ќе правиме со набавката за тестовите, не ја отворам темата за цената, но тој политички популизам во време на криза кога е загрозено здравјето на граѓаните, да разговараме дали биле 4.000 или 1.200 денари тестовите мислам дека не е сега момент. Но мислам дека по завршувањето на кризата, ЈО треба да го истражат ова прашање, вели Колев.

Слични содржини