Колев: Ќе се залагаме за Собрание со 90 пратеници и влада без министри без ресори

од Nikola Popovski

„Ние од ГДУ предлагаме Собрание со 90 пратеници, по моделот на Словенија, која што каде каде е побогата од Македонија. Зошто понатаму да не размислуваме и за 61 пратеник“, прашува Петар Колев од ГДУ за емисијата „Само вистина“.

„Ние размислуваме за влада во која што ќе нема потреба од министри без ресори. Зошто граѓаните треба да купуваат политички мир со тоа што ќе даваат плати на министри без ресор, што немаат обврска во владата. Понатаму предлагаме како ќе ја намалиме администрацијата надолу. Ние размислуваме дека основни приоритети во општеството треба да бидат здравството и образованието. Нема како да бидеме модерна и европска нација, ако не успееме да изградиме здрава и образована нација“, вели Колев.

За него, Македонија има сериозен проблем со судството.

„Ние предлагаме персонална одговорност, не само криминална и материјална за судиите кои што ќе носат грешни судски решенија. Предлагаме и судиите да го изгубат правото на пензија, поради лошите одлуки“, смета Колев.

Слични содржини