Колев: Ние сме луѓе кои што веруваме во силни индивидуи, ова битка против системот

од Nikola Popovski

Петар Колев од Граѓанско демократската унија (ГДУ) за емисијата „Само вистина“ изјави дека има многу симболика во нивниот слоган „Граѓанинот против мафијата“.

„Тоа не е само слоган кој посочува со име и презиме, туку е размислување како ја гледаме битката против системот. Ние сме луѓе кои што веруваме во силни индивидуи, не веруваме во колективни системи и тоа како граѓанинот или народот треба да црпат колективни права и слободи. Квалитетот на индивидуите и граѓанинот е во центарот на оваа битка“, вели Колев.

За него, од друга страна на оваа битка е политичкиот систем, сивите кардинали во тој политички систем.

„Огромните олигархиски капитали, голем дел од тие матни случаи во овие 30 години. Ако го прашате секој граѓани ќе ви спомне дека сето тоа заеднички претставува еден тип на мафија. Основен проблем во општеството е нефункционалниот систем, кој не создаде услови за реална демократија, туку создаде услови за создавање на т.н. султан-партии, во кој кандидатите за пратеници се номинирани согласно послушноста кон лидерот и неговата политика“, тврди Колев.

Слични содржини