Колева: Заев презеде обврска да се обештетат сите лозари чие грозје не е откупено денес заради помала шеќерност

од Nikola Popovski

Пратеничката Даниела Колева информира дека во текот на целиот ден е заедно со лозарите кои не можеле да го предадат своето грозје во ВВ Тиквеш поради зголемувањето на шеќерноста при прием од 20 на 21шеќерна единица од страна поради што не се прима грозје под 21 малиган.

-Разговаравме со менаџерскиот тим кој предложи решение, но од страна на лозаропроизводителите беше одлучено да се продолжи со протестот со истурање на грозјето пред влезот на винаријата на неколку трактори кои. Морам да напоменам дека бев во постојана комуникација и со премиерот кој изрази разбирање за протестите на лозарите и во знак на поддршка презеде обврска да се обештетат сите лозари чие грозје не е откупено денес заради помала шеќерност. Се надевам дека во текот на утрешниот ден со оглед дека нема многу време ќе се изнајде решение на проблемот, за што постојано ќе бидеме вклучени во преговорите, стои во објавата на Колева.

Вечерва дел од лозарите истурија неколку трактори полни со грозје, пред главната капија на винарската визба „Тиквеш“.

Слични содржини