Колин Фирт е најромантичната филмска ѕвезда

од Vladimir Zorba

Колин Фирт е најромантична филмска ѕвезда за Британците кои признаваат дека сакаат да гледаат љубовни филмови, пренесе „Фимејл фрст“.

57-годишниот актер заврши пред Џулија Робертс и неговиот соперник од филмот „Дневникот на Бриџит Џонс“ – Хју Грант.

На четврто и петто место се Леонардо Ди Каприо и Сандра Булок. Топ десет завршуваат со Кејт Винслет, Рајан Гослинг, Рене Зелвегер, Џенифер Лопез, Метју Меконахи.

Анкетата на сајтот за продажба на кино билети покажала дека романтичните филмови инспирираат една третина од Британците да бидат пострасни и попривлечни за својот сопружник.

Британскиот омилен романтичен филм е „Убава жена“. Втор е „Навистина Љубов“. Следат „Казабланка“, „Нотинг Хил“, „Одмор“, „Бележник“, „П.С. Те сакам“, „Деверуши“, „Свадбата на мојот најдобар пријател“ итн.

Речиси 10 отсто од испитаниците признаваат дека позајмуваат романтична фраза од филм. Меѓутоа, пет отсто ја прекинале својата врска откако гледале љубовен филм, мислејќи дека можат да најдат нешто подобро.

Слични содржини