Колин Фирт се разведе од сопругата по 22-годишен брак

од Vladimir Zorba

Британскиот актер и добитник на Оскар, Колин Фирт и неговата сопруга, италијанската продуцентка Ливија Џуџиоли, се разделија по 22-годишен брак, пренесе „Ројтерс“.

59-годишниот Фирт, познат по улогите во продукции како „Говорот на Кралот“ за кој освои Оскари, „Вистинска убов“, „Дневникот на Бриџит Џонс“, „Гордост и предрасуда“ и 50-годишната Џуџиоли се семејство од 1997 година и имаат две момчиња.

„Колин и Ливи се разделија. Тие имаат блиско пријателство и остануваат обединети во љубовта на своите деца. Нивното барање е нивното право на приватност да се почитува. Темата веќе нема да се коментира“, се вели во нивната заедничка изјава.

Пред неколку години, Колин Фирт и Ливија имаа кратка разделба за време на која продуцентката имаше афера со италијанскиот новинар Марко Бранкача. Двојката последователно ја среди својата врска, потсетува агенцијата.

Слични содржини