Колкав е извозот на македонски јајца во светот?

од Stefanija Kuzmanovska

Извозот на свежи јајца во светот минатата година беше на ниво од 1,9 милијарди долари, покажуваат податоците на World’s top exports.

Најголем извозник лани беше Холандија со 470,7 милиони долари. Меѓу петте најголеми извозници на јајца се и: Полска (247,8 милиони долари), Турција (215,8 милиони долари), Малезија (139,3 милиони долари) и Германија (134,3 милиони долари).

Лани од земјава реализиран е извоз на јајца во вредност од 687.000 долари.

Од регионот, најмногу јајца извезува Бугарија, поради што успеа да инкасира 14,2 милиони долари. Следуваат: Хрватска (2,6 милиони долари), Србија (2,1 милион долари), Босна и Херцеговина (1,5 милиони долари), Албанија (933.000 долари), Словенија (858.000 долари) и Грција (793.000 долари).

Слични содржини