Колкав е нето-профитот на Фајзер во првиот квартал од оваа година?

од Nikola Popovski

Деловните резултати на американската фармацевтска компанија „Фајзер“ за првиот квартал на 2021 година ги надминаа сите очекувања на Вол Стрит, а компанијата шокирана од големиот скок на продажбата на вакцината против Ковид-10, нагло ги зголеми финансиските проекции за тековната година

Производителот на лекови со седиште во Њујорк и нејзиниот германски партнер во производството на вакцината, Бионтек, објавија продажба на вакцината во вредност од 3,46 милијарди долари во првите три месеци, а сега предвидуваат продажбата да достигне околу 26 милијарди долари во целата 2021 година, а не околу 15 милијарди долари, како што прогнозирале претходно, пренесува АП.

Двете компании очекуваат наскоро да добијат одобрување во САД и ЕУ за давање вакцина на деца на возраст од 12 до 15 години, исто така продолжуваат да тестираат вакцини за други категории на пациенти и работат на развој на нови верзии на вакцини кои имаат подолго рок на траење и не бараат ултра ладно складирање, објави Танјуг.

„Фајзер“, од своја страна, денес објави дека нејзината нето добивка во првите три месеци изнесува 4,88 милијарди долари или 86 центи по акција. Тоа е за над 1,5 милијарди долари повеќе отколку во првиот квартал на 2020 година, кога глобалната пандемија на корона иницираше воведување мерки за заклучување и кога драматично опаднаа посетите на лекарите и рецептите за други лекови.

Прилагодената заработка, со исклучок на еднократните ставки, скокна за 48 проценти на 5,26 милијарди долари или 93 центи по акција, далеку над 79 центи што се очекуваат на Волстрит, според „Zex Investment Research“. Вкупните приходи беа 14,58 милијарди долари, а исто така значително ги надминаа предвидувањата од 13,49 милијарди долари.

„Фајзер“ изјави дека, дури и без продажба на вакцини, компанијата е на пат да ја постигне својата цел да ги зголеми приходите за најмалку шест проценти секоја година до 2025 година.

Продажбата на лековите на „Фајзер“ против рак скокнал за 18 проценти, а продажбата на лекови дадени во болници се зголеми за 11 проценти.

Компанијата сега предвидува заработка за цела година од 3,55 до 3,65 долари по акција, во споредба со февруарската прогноза од 3,10 до 3,20 долари по акција и очекува приход помеѓу 70,5 и 72,5 милијарди долари, наместо претходните проектирани од 59,4 до 61,4 милијарди.

Фајзер соопшти дека може да произведе две милијарди дози вакцини оваа година, вклучувајќи 200 милиони дози ветени од САД до крајот на мај.

На тргувањето пред отворањето на Њујоршката берза, акцијата на „Фајзер“ порасна за 52 центи на 42,35 долари, додава АП.

loading...

Слични содржини