Колкава оштета ќе земе Солскјер, доколку сопствениците на Јунајтед решат да го отпуштат?

од Берта Китинска

Оле Гунар Солскјер во моментов ја задржува функцијата менаџер на Манчестер Јунајтед, но се уште никој не знае колку ќе остане таму по незадоволителните резултати во последно време. Клубот веќе размислува кој ќе го наследи Норвежанецот, доколку овој не ги сврти работите во своја полза со серија силни игри и добри резултати на тешките претстојни натпревари со Тотенхем, Аталанта, Манчестер Сити, Ватфорд, Виљареал, Челси и Арсенал.

Но, колку ќе добие Солскјер како компензација ако не ја задржи функцијата и биде отпуштен во наредните денови или недели? Според „The Sun“, сопствениците на Јунајтед мора да му исплатат на Норвежанецот целосна годишна плата. Сумата е 7,5 милиони фунти. Во однос на платата, Солскјер е на петтото место во Премиер лигата по Пепе Гвардиола, Јирген Клоп, Брендан Роџерс и Марсело Биелса.

До денеска, се чини дека Солскјер ќе го предводи Јунајтед на гостувањето кај Тотенхем викендов. Сепак, речиси сигурно е дека со загуба на овој меч ќе заврши престојот на Норвежанецот на Олд Трафорд.

Слични содржини