Колку често имаат секс двојките што живеат заедно?

од desk2

Луѓето често се прашуваат колку секс имаат другите луѓе и колку е „нормално“ да се има секс, особено кога веќе живеат заедно и барем просторот не е проблем. Факт е дека на почетокот на врската, доколку двојката е сексуално активна, сексот е редовно „на менито“, а како поминува време интензитетот на сексуалната активност се намалува.

Има многу фактори што влијаат на сексуалниот живот, како возраст, здравствена состојба, либидо, начин на живот, ниво на стрес и така натаму.

Истражување на Институтот Кинси за секс, репродукција и пол одговара на овие прашања.

Дел од заклучоците на истражувачкиот тим не се големо изненадување, барем во поглед на старосните групи.

Луѓето о 198 до 29 години имаат најмногу сексуални односи со партнерите, во просек 112 секс сесии годишно, односно два пати неделно.

Во групата од 30 до 39 години бројката изнесува 86 пати годишно или просечно 1,6 пати неделно, а двојките од 40 до 49 години имаат секс само 49 пати годишно.

Опаѓањето на бројот на сексуални активности со зголемувањето на годините треба да се гледа во поширок контекст: семејни обврски, секојдневен стрес и грижи, влошување на здравјето… сето ова влијае врз желбата, енергијата и времето за секс.

Науката дава и точна бројка за тоа колку трае просечниот сексуален однос.

Научниците нагласуваат дека испитаниците кои учествувале во истражувањето го дефинирале „траењето на сексот“ буквално од почетната пенетрација до завршување на сексуалниот чин, со или без ејакулација, што значи дека тука не се вбројува предиграта и бакнувањето.

Истражувањето покажа дека сексот трае од 33 секунди до 44 минути, со што просекот изнесува 5,4 минути.

Научниците исто така успеаја да побијат некои митови, како на пример дека постарите мажи не „издржуваат“ повеќе од младите. Напротив, колку постари се мажите, толку пократок е сексуалниот чин.

Сексолозите сепак се согласни по едно прашање: луѓето во врска повеќе уживаат во сексот.

Слични содржини