Колку често треба да вежбам според мојата возраст? Ова се упатствата на СЗО!

од Vladimir Zorba

„Колку често треба да вежбам?“, е прашањето што го поставуваат припадниците на сите генерации. Секој ден или можам да одморам? А што ако поради обврски не можам да одвојам доволно време за тренинг, па се откажам од вежбање?

На сите овие прашања одговорија експерти од Светската здравствена организација (СЗО), кои неодамна објавија упатства за тоа колку често треба да вежбате во текот на неделата.

Според СЗО, луѓето на возраст од 18 до 64 години треба да посветуваат најмалку 150 минути неделно ако се одлучат за вежбање со умерен интензитет или најмалку 75 минути ако изберат интензивно вежбање.

Ако немате време или пари да одите во теретана, можете да возите велосипед, да трчате или пешачите, што е исто така многу корисно.

Исто така, се препорачува да кревате тегови најмалку два пати неделно.

Вежбањето е подеднакво важно за луѓето над 65 години. Во оваа возрасна група, СЗО предлага иста фреквенција и интензитет на тренинзи со еден додаток – да вклучат јога или танц во нивната програма најмалку три пати неделно.

За бремени жени и жени кои неодамна се породиле, СЗО советува најмалку 150 минути активност со умерен интензитет во текот на неделата. Но, пред се, и трудниците и мајките треба да се консултираат со својот лекар.

СЗО, исто така, ве потсетува да останете хидрирани пред, за време и после вежбање, како и да избегнувате активности кои вклучуваат висок ризик од паѓање и може да го ограничат вашето снабдување со кислород.

Слични содржини