Колку често водите љубов? Одговорот на тоа прашање покажува каква личност сте

од Stefanija Kuzmanovska

Колку често водите љубов?

И, дали тоа го поврзувате со некои карактерни особини?

Можеби треба, бидејќи оние кои најчесто водат љубов и кои се задоволни од својот сексуален живот, ги поседуваат овие особини.

Колку често водиме љубов има врска со тоа какви луѓе сме, а новото истражување откри дека луѓето кои имаат две специфични карактерни црти имаат најбогат сексуален живот.

Во истражувањето, објавено во британскиот журнал за психологија, учествувале испитаници без љубовни партнери, 192 слободни жени и 105 слободни мажи.

Учесниците мораа да одговорат на низа тестови за да воспостават врска помеѓу алтруизмот, односно однесување кое има за цел помагање на другите во кое не се очекува никаков вид на награда од другите, со тоа колку некој е успешен во љубовта, т.е. во врските и сексуалниот живот.

Истражувањето заклучило дека добрите и несебични луѓе имаат најбогат сексуален живот, односно водат љубов почесто од другите луѓе и дека се најзадоволни од својот сексуален живот. За машките испитаници, ова вклучува поголем број на партнерки за секс без обврски.

Студијата не даде одговор на тоа што ги мотивира испитаниците да им помагаат на другите, но без оглед на тоа, добиените резултати се уште еден доказ дека љубезноста и несебичноста секогаш се исплатуваат.

Слични содржини