Колку чини горивото во земјите од регионот и каде е најефтино да се наточи?

од Stefanija Kuzmanovska

Цените на горивата во земјите од регионот постојано варираат, а според последните информации, најевтино гориво во моментов има во Македонија, Бугарија и Босна и Херцеговина (БиХ).

Како што почнува сезоната на одмори, за оние кои планираат да одат на одмор со сопствен превоз, важно е колку ќе треба да платат гориво во која земја, пишува „Данас“.

Цените во земјите од регионот се разликуваат, а значајна е разликата дали автомобилот точи дизел или бензин.

Хрватска

Според податоците на Европската комисија од 29 мај годинава, во Хрватска, цената на дизелот е 1,39 евра за литар, додека бензинот е нешто поевтин и изнесува 1,37 евра.

Бугарија

Цената на дизел горивото во оваа земја е 1,24 евра за литар, додека бензинот во оваа земја е поскап и чини 1,29 евра.

Романија

Во оваа земја бензинот е поскап и чини 1,34 евра за литар, додека цената на литар дизел е 1,33 евра, покажуваат податоците на Европската комисија.

Црна Гора

За оние кои ќе се решат и годинава да летуваат во Црна Гора, корисно е да знаат дека моменталната цена на дизелот за литар е 1,34 евра, додека цената на бензинот е многу повисока и изнесува 1,50 евра, како што покажуваат информациите на веб-страницата Global Petrol Prices.

Албанија

Литар дизел во Албанија моментално е 1,57 евра, што е иста цена и со бензинот.

Македонија

Според Global Petrol Prices, цената за литар дизел во оваа земја е 1,12 евра, додека бензинот чини 1,30 евра за литар.

БиХ

Босна и Херцеговина традиционално ги држи ниски цените на горивата, па според последните податоци, литар дизел во оваа земја е 1,25 евра, додека истото количество бензин е 1,32 евра.

Грција

Со оглед на тоа дека најголемиот број наши граѓани летуваат во Грција, корисно е да се знае дека во оваа земја литар дизел е 1,56 евра, додека литар бензин 1,86 евра.

Слични содржини