Колку долго човек може да издржи без спиење?

од Nikola Popovski

Мислите дека не спиете доволно? Теоретски, телото може да издржи одреден период без сон. Светскиот рекорд е 11 дена и 25 минути. Но, тоа не значи дека е корисно. Покрај тоа, недостатокот на сон е сериозен проблем. Дури и ако некој успее да остане буден со денови, тоа не е одлично за неговото ментално или физичко здравје.

На пример, во 1959 година, радио водителот Питер Трип одлучи да ја емитува својата емисија „201 час“ со цел да собере пари за една добротворна организација. До третиот ден, тој започна да ги пцуе луѓето околу себе и да халуцинира. Иако се опоравил по експериментот, членовите на неговото семејство изјавија дека тој никогаш повеќе не бил истиот.

На Интернет кружат разни приказни за луѓе кои тврдат дека воопшто не спијат или спијат само еден час или два во текот на ноќта. Советник за спиење д-р Кристофер Винтер вели дека тоа не е точно.

„Многу луѓе мислат дека не спијат, но вистината е дека спијат без да знаат дека го прават тоа“, изјавил тој за „Men’s Health“.

Д-р Винтер вели дека е физички невозможно да останете будни со денови, бидејќи вашиот мозок ќе ве присили да заспиете.

„Мојот рекорд беше 48 часа и дефинитивно не е забавно“, вели тој.

Колку е можно да се издржи без сон, всушност е многу тешко да се каже. И Гинисовата книга на рекорди престана да ги документира ваквите обиди во обид да ги спречи луѓето да му наштетат на нивното здравје.

Она што е сигурно е дека на возрасен човек му требаат седум до девет часа сон во текот на ноќта, а ако имате проблеми со несоница, користете некои методи и техники кои можат да ви помогнат полесно да заспиете.

Слични содржини