Колку е безбедно да се патува за време на бременоста?

од Stefanija Kuzmanovska

Според NHS, повеќето жени можат безбедно да патуваат и за време на бременоста, но само доколку се преземат соодветни мерки на претпазливост. Односно, патувањето зависи од тоа дали е тоа нормална бременост и од советот на вашиот лекар.

Сара Рејнолдс, акушер и гинеколог од болницата Bedford NHS Trust рече: „Многу жени се грижат за патувањата за време на бременоста, но ако бременоста нема компликации, нема причина зошто да не можат безбедно да патуваат. Под услов да преземат соодветни мерки на претпазливост“.

Според NHS, некои жени претпочитаат да не патуваат во текот на првите 12 недели поради „гадење и повраќање и чувство на замор во текот на оваа рана фаза“.

Покрај тоа, „и ризикот од спонтан абортус е поголем во првите три месеци, без разлика дали патувате или не“.

„Патувањето во последните месеци од бременоста може да биде мачно и може да ве направи непријатност. Значи, за многу жени, најдоброто време за патување или одмор е средината на бременоста, помеѓу 4 и 6 месец“, се наведува.

Исто така, летањето со авион не е штетно за бебето, но шансите за породување се природно поголеми по 37-та недела од бременоста, или 32-та недела ако носите близнаци. Ова е причината зошто некои авиокомпании нема да ви дозволат да летате при крајот на бременоста. Според Healthline, повеќето авиокомпании во САД им дозволуваат на жените да летаат во земјата до 36-та недела од бременоста. Сепак, некои меѓународни летови го ограничуваат патувањето по 28-та недела од бременоста.

Конечно, долгите патувања, односно оние подолги од четири часа, носат и одреден ризик од згрутчување на крвта, пренесува Daily Star.

Слични содржини