Колку и недостасуваше на Владата на Заев за да го исполни ветувањето за 500 евра плата?

од Vladimir Zorba

Државниот завод за статистика (ДЗС) објави дека просечната нето плата во декември 2019 година изнесува 26.836 денари.

Актуелната Влада, предводена од премиерот Зоран Заев во 2016-та година вети дека на крајот на својот мандат, просечната нето плата ќе достигне 500 евра, или нешто над 30.000 денари, што не беше исполнето за околу 3.150 денари.

Иако сена власт нецели три години, останува прашањето дали оваа гарнитура ќе го исполнеше ветувањето, кое опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ често го нарекуваше невозможно.

Откако СДСМ се на власт, просечната плата се зголеми за над 4.000 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, изнесува 104.1.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (12.4 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (12.0 %) и Градежништво (11.9 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (9.3 %), Информации и комуникации (8.4 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (6.8 %).

Слични содржини