Колку калории можете да согорите само со стоење?

од Stefanija Kuzmanovska

Дали сте размислувале да инвестирате во висока маса за да не седите цел ден? Веројатно сте слушнале дека седењето цел ден е ново пушење, а дека стоењето може да придонесе за вашето здравје и кондиција.

Согорувате калории секој ден, без разлика што правите, дури и кога спиете, но само со стоење и повеќе отколку што мислите. Колку точно калории ќе потрошите стоејќи зависи од вашата возраст, висина, тежина и пол. Според Healthline, можете да согорите до 200 калории на час само со стоење.

Ако сте подготвени да започнете повеќе да стоите, Harvard Health Publishing препорачува да го правите тоа постепено. За почетници, за време на осумчасовен работен ден, стојте од 30 до 60 минути на ден. Постепено зголемете го времето што го поминувате стоејќи за да може вашето тело безболно да се навикне.

Ако не сакате да потрошите пари и да инвестирате на висока маса, постојат и други начини да седите помалку. Поставете аларм и по секој час работа, станете, прошетајте и истегнете се неколку минути. Самата прошетка за време на паузата за ручек согорува 100 калории.

Слични содржини