Колку ќе заработува Ибра според новиот договор кој ќе го потпише со Милан?

од Vladimir Zorba

Милан и Златан Ибрахимовиќ се согласија да ја продолжат соработката до јуни 2022 година, а договорот треба да биде потпишан во наредните денови.

Швеѓанецот ќе заработува 6,5 милиони евра како фиксна плата во таа година, со можност неговата плата да се искачи на седум милиони евра доколку бидат исполнети сите бонуси, пренесе „Скај Спорт“.

Ибрахимовиќ постигна 15 погодоци на 16 натпревари за Милан оваа сезона, а сега ќе добие можност уште една сезона да го предводи нападот на италијанскиот великан.

Слични содржини