Колку пари за струја треба да потрошите во Македонија за да ископате еден биткоин? (инфографик)

од Vladimir Zorba

На порталот Visual Capitalist деновиве се појави интересна визуелизација на која се прикажани сите земји и територии во светот, со информација колку чини таму да се ископува еден биткоин. Секако, разликите се резултат на просечните цени на струјата од земја до земја, а резултатите се секако многу интересни.

Проценките велат дека за ископ на еден биткоин денес се потребни околу 1.449 kWh електрична енергија. Тоа, велат од овој портал, е доволно енергија за напојување на просечно американско домаќинство дури 13 години. За да се создаде биткоин, затоа, неопходно е да се потроши многу електрична енергија, а потоа биткоинот може да се продава – односот на овој трошок и неговата пазарна цена ќе ја одреди профитабилноста на рударството.

Денес со биткоинот се тргува по цена од околу 22.800 американски долари, а во текот на изминатиот месец неговата просечна цена беше приближно на тоа, или малку пониско ниво.

Сега да ја погледнеме цената на „копањето“: таа во моментов е највисока во Венецуела со 246.530,74 долари – ни приближно да ја направи оваа активност профитабилна. Најниската цена на електрична енергија потребна за ископување на еден биткоин е забележана во Кувајт и изнесува само 1.393,95 долари – така што ископувањето таму е многу профитабилно.

Сигурно веднаш сте се обиделе да ја најдете Македонија на мапата. Кај нас, според податоците од оваа мапа, моментално е потребно да се инвестираат 30.866 долари за да се ископа еден биткоин. Од европските земји, денес најпрофитабилно би било да се преселат рударските платформи во Косово (каде што цената на енергијата е само 10.560 долари). Под трошоците од 20.000 долари за создавање на еден биткоин, можете да најдете и Литванија, Лихтенштајн, а Норвешка, Шведска и Естонија се многу блиску до тоа.

Верзијата со целосната резолуција на мапата е достапна овде!

Слични содржини