Колку што Северна Македонија му припаѓа на Мицкоски, толку ми припаѓа и мене, кажа Бектеши

од Берта Китинска

Министерот за економија, Крешник Бектеши, во гостување на ТВ21 му одговори на Христијан Мицкоски, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го нападна во врска со спорните изјави во Тирана.

Мицкоски на ова реагираше оценувајќи дека е „непријателски акт кога министер се срами да каже дека е „македонски““.

Бектеши во одговор на Мицкоски рече дека му е чест што е министер на Република Северна Македонија, но и одговорност затоа што ги застапуваа сите граѓани во државата и сите етникуми.

– Што се однесува до мојата изјава, јас се произнесов дека по националност сум Албанец и ова е реалност, исто како што е реалност дека над 600.000 илјади Албанци живеат во Северна Македонија. Колку што Северна Македонија му припаѓа на господинот Мицкоски, толку ми припаѓа и мене. Колку што се грижам јас толку треба и тој да се грижи. Не треба да го оживееме национализмот, да не го поларизираме општеството со вакви теми затоа што имаме позначајни работи. Главниот фокус за нас како Влада, но и за нив како опозиција, треба да биде подобрување на животниот стандард на граѓаните, изјави Бектеши.

Бектеши пред неколку дена во Тирана, откако албанска новинарка му се обрати со „македонски министер“, реагираше поправајќи ја дека тој не е македонски, туку Албанец кој ја претставува Северна Македонија.

При посетата на Тирана, новинарка поставувајќи прашање на Бектеши му се обрати со зборовите „македонски министер“, по што тој веднаш реагирал и одговорил.

-Новинарката: Имав прашање до македонскиот министер…

Бектеши: Извинете, јас сум министер на Cеверна Македонија, не сум Македонец, јас сум Албанец, било изјавено на прес-конференцијата

Слични содржини