Колку точно сте високи? Верувале или не, но и ова влијае на ризикот од инфекција со корона

од Aleksandar Petrovski

Прекумерната тежина е голем фактор на ризик за луѓето заразени со новиот коронавирус, но научниците сега тврдат дека висината исто така може да ве направи поранливи.
Високите луѓе имаат двојно поголема веројатност да заболат од коронавирусот, велат експертите.

Истражувачи од Велика Британија, Норвешка и Соединетите Држави испитале широк спектар на лични и работни предиктори што се поврзани со пренесувањето на инфекцијата „Ковид-19“.

Тие рекоа дека првите резултати од студијата, во кои учествувале 2.000 луѓе, сугерираат дека е многу можно новиот вирус САРС-СОВ-2 да се пренесе преку аеросоли, како и дека високите луѓе имаат двојно поголем ризик од инфекција.

„Тоа е нешто што не се очекуваше ако вирусот се пренесуваше исклучиво преку капки за дишење“, велат тие.

Аеросолите можат да се акумулираат во слабо проветрени места и се носат со воздушни струи.

Респираторните капки се поголеми од аеросолите и се смета дека патуваат релативно кратки растојанија и брзо паѓаат на достапни површини.

– Резултатите од оваа студија, кои ја поврзаа висината и дијагнозата на болеста „Ковид-19“, укажуваат на тоа дека преносот на новиот вирус преку респираторни капки не е единствениот механизам за пренос и можен е аеросолен пренос. Ова го сугерираа и други студии, но нашиот метод на потврда е нов – рече професорот Еван Контопантелис од Универзитетот во Манчестер.
Маските се многу важни во превенцијата, забележува професорот.

– Иако социјалното растојание е сè уште важно бидејќи вирусот веројатно се пренесува со капки, сепак укажува дека носењето маски може да биде подеднакво ефикасно во превенцијата – заклучи тој.

Слични содржини