Колку трае идеалниот секс: Цела ноќ или 20 минути?

од Nikola Popovski

Надја Бокоди е експертка за секс и блогерка од Австралија која често дава совети за подобри врски, а сега го допре популарното прашање – колку долго треба да трае сексот – и наиде на сосема различни одговори.

Додека таа беше со претходниот партнер, Надја и тој имаа разговор за тоа колку треба да трае сексот. Имено, таа била задоволна од 20-те минути од акцијата, а тој сакал да трае со часови.

– После час и половина секс, му реков дека имам доволно секс за таа ноќ. Целовечерните сексуални маратони можеби беа нешто привлечни за мене кога имав 20-тина години, но по 30-та единствена подолга физичка активност со која може да се справи моето тело е кревање чипс до мојата уста додека ја гледам Мари Кондо во пижами, рече Надја.

Сепак, таа беше заинтересирана за прашањето, па истражуваше што велат научните студии.

Таа открила студија од 1948 година, на истражувачка за секс Алфред Кинси, во која било заклучено дека три четвртини од мажите доживуваат оргазам по само две минути. Сепак, се чини дека со текот на времето, ситуацијата малку се подобрила, па истражување спроведено од 2008 година открива дека просечниот секс трае помеѓу 3 и 7 минути. Таа исто така пронашла студија од 2005 година во која се тврди дека опсегот на времетраење на сексот е од 33 секунди до скоро еден час, што всушност покажува дека не може да се понуди конкретен одговор на ова прашање.

– Интересно е што сите истражувања покажуваат дека на жените им треба повеќе време да постигнат оргазам со партнерка, а повеќето мажи се оние кои би сакале сексот да трае подолго. Ова делумно може да се должи на влијанието на порнографијата. Истражувањата покажуваат дека најмалку една четвртина од младите на возраст меѓу 18 и 24 години гледаат на порнографијата како форма на сексуално образование. Ако го земеме предвид акцентот што порнографијата го става на долготрајната ерекција и маратонски секс, разбирливо е како мажите мислат дека не успеале доколку сексот не трае подолго од 10 минути – истакнува Надја.

На видеото неодамна објавено на ТикТок, жената прашала колку треба да трае сексот. Таа раскажала како разговарала со некои девојки кои и рекле дека ако мажот не може да издржи еден час, подобро е да не се обидуваш. Тоа толку ја изненадило што поради тоа објави видео на социјалната мрежа.

– Па, кој има толку многу секс? Само пенетрација? Еден час? Не благодарам, 15 минути, најмногу 20. После тоа, не го сакам повеќе на мене – рекла таа во видеото.

Многумина се согласиле со неа, но имало и такви за кои маратоните се најнормална работа.

– Тажна сум поради сите вас. Јас и мојот партнер сме заедно 20 години и нашиот секс трае со часови. Најмалку два или три часа и секогаш е одлично за нас – напишала една жена во коментарите на видеото, пренесува „The Sun“.

Поради сето тоа, Надја заклучи дека всушност постои само еден точен одговор на прашањето колку треба да трае сексот.

– Искрено, всушност нема нормално време за тоа колку треба да трае сексот. За некои од нас, сексот трае цела ноќ, но многу луѓе претпочитаат да го прават тоа брзо за да можат да си седат во пижамите и да заспијат со својата омилена емисија на ТВ – заклучила таа, пишува 24сата.хр.

Слични содржини