Колку треба да вежбате, ако повеќето од времето го поминувате седејќи?

од Vladimir Zorba

Знаеме дека седењето со часови не е добро за нас, но новото истражување откри колку треба да се вежба за борба против негативните ефекти што може да ги предизвика седењето.

Приближно 40 минути дневно умерено до напорно вежбање се доволни за да се воспостави рамнотежа по 10 часа седење, иако секоја вежба или дури и само стоење до одреден степен помага.

Ова се резултатите од мета-анализа базирана на девет претходни студии во кои беа вклучени вкупно 44.370 луѓе од четири земји.

Анализата откри дека ризикот од смрт кај оние со „седентарен“ начин на живот се зголемил кога ќе се намали времето поминато на умерени и интензивни физички активности.

Со други зборови, умерено интензивни физички активности како што се возење велосипед, одење итн. Може да го намалат ризикот од прерана смрт кај луѓето кои седат долго време.

Некои од начините што можат да ви помогнат да бидете физички поактивни вклучуваат одење по скали наместо користење на лифт, играње со деца и миленичиња, медитација, јога, танцување, домашни работи, возење велосипед и слично, пренесе Science alert.

Ако не можете веднаш да издржите 30-40 минути умерено до интензивно вежбање, истражувачите ве советуваат да започнете со помалку минути.

Слични содржини