Колку заработил лани Путин?

од Vladimir Zorba

Рускиот претседател Владимир Путин заработил 133.400 долари во 2019 година, а премиерот Михаил Мишустин 249.700 долари, според официјалните податоци објавени на веб-страницата на Кремљ и руската влада.

Во 2018 година, Путин пријавил приход од 118.600 долари. Имотната карта на Путин останува непроменета. Тој е сопственик на стан од 77 метри квадратни, гаража од 18 квадратни метри, два стари модели на автомобили „Волга ГАЗ М21“, како и теренско возило „Нива“ и камп приколка „Скиф“.

Рускиот претседател во моментот користи, како шеф на државата, стан од 153 метри квадратни и гаража од 18 квадратни метри. Целиот негов имот се наоѓа во Русија.

Кога станува збор за приходите на премиерот Мишустин, истиот беше стекнат за време на неговата работа во Федералната даночна администрација и врз основа на депозити на претходно заработени средства, објави ТАСС.

Според објавениот документ, Мишустин нема сопствен имот, но користи државен стан од 141 квадратни метри заедно со сопругата и малолетно дете.

Слични содржини