Колку заработува Јунајтед од продаден дрес на Роналдо?

од Vladimir Zorba

Од објавата на информацијата дека Кристијано Роналдо ќе го носи дресот со број 7 во Манчестер Јунајтед, преку илјада онлајн продавници добија нарачки од целиот свет, што предизвика соборување на рекордот во Премиер лигата.

За дресот на Роналдо беа потрошени околу 32,5 милиони фунти за само 12 часа.

Се проценува дека во тој период биле продадени помеѓу 300.000 и 400.000 „седмици“, кои чинеле помеѓу 80 и 110 фунти.

Но, ако мислите дека целата заработка оди за клубот од Манчестер, се лажете. Прво, 10 проценти од продажбата на дресови оди за Премиер лигата, а откако Јунајтед потпиша десетгодишен договор со Адидас (вреден 750 милиони фунти) во 2014 година, експертите веруваат дека клубот од „Олд Трафорд“ „зема“ околу 5 фунти по продаден дрес од оваа продажба… Останатото оди за Адидас.

Сепак, нема да бидат разочарани во Манчестер. Според пресметките, клубот отплати една четвртина од сумата за која го донесе португалскиот играч (вкупно 13 милиони фунти) во тие 12 часа, а очекувањата се дека ќе ја обезбедат целата сума до викендот, кога Роналдо ќе го има своето второ деби на натпреварот против Њукасл.

Слични содржини