Командант Хоџа ќе зема државна плата од 600 евра

од Vladimir Zorba
108 прегледи

Џезаир Шаќири познат како командант Хоџа е вработен во премиерскиот кабинет, за плата од 600 евра, иако има само средно образование, пишува Телма ТВ.

Џезаир Шакири е еден од граѓаните кои во тоа време се приклучија на опозицијата, изјави денеска премиерот, Зоран Заев, во врска со информациите дека т.н. командант Хоџа, кој учествуваше во конфликтот од 2001 година, е назначен за советник на премиерот за внатрешни безбедност и радикализам.

Во изјава за медиумите, Заев рече дека доколку се појават екстрмистички групи, Шакири може да помогне бидејќи добро го знае реонот околу Танушевци. Во врска со изјавата на Шакири дека неговото поставување за советник било договорено со Заев за да го ослободи Танушевци, премиерот вели дека немало потреба од ослободување бидејќи во селото немало вооружени сили.

Заев за командант Хоџа: Не ги делам луѓето, тој е граѓанин на Република Македонија

Слични содржини