Борбените руски бродови обезбедуваат заштита на базата во Латакија и летовите на руските авиони

Командантот на рускиот ракетен крстосувач “Москва”, кој сега ја покрива руската воено-воздухопловната база во Латакија, раскажа за целите и задачите пред бродот и екипажот, соопшти телевизијата “Ѕвезда”.
На 25 ноември “Москва” беше преместена и ги зазеде позициите во близина на сирискиот Брег и провинција Латакија. Ова уследи по соборувањето на рускиот Су-24 од турските воздухопловни сили. Бродот е опремен со систем за противвоздушна одбрана “Форт”, аналог на С-300. “Главното вооружување е анти-авионски-ракетните комплекси и ние сме подготвени согласно утврдените нормативи да ги собориме секоја опасна воздушна цел”, вели офицерот, чие име не се објавува. Тој посочи дека на бродот е воведена целосна борбена готовност и екипажот работи во услови на постојана подготвеност да ги исполни обврските на заштитата во воени услови.