Комбинацијата од чоколадо и урми ќе ве фасцинира

од desk2

Уживајте во неодоливиот вкус што го нуди непогрешливата комбинација од чоколадо, јаткасти плодови и урми.

Потребни состојки:
За кората

2,5 шолји бадеми
15 урми
2 лажици какао во прав
прстофат сол
Поврзани објави
Бурек со вишни: Засладете се и додека постите

Десерт што ќе ве освои: Домашни орео-колачиња

Мигелитос: Домашни слатки залчиња полни со пенест крем!

Посна чоколадна баклава: Ќе го обожавате овој рецепт!

За чоколадниот фил

2,5 шолји индиски ореви (покиснати 4-8 часа)
½ шолја вода
½ шолја стопено кокосово масло
5 лажици мед
5 урми
2 лажици какао во прав
прстофат сол
Начин на подготовка:
Измешајте ги сите состојки со помош на блендер, сè додека не добиете компактна смеса.
Ставете ја смесата во тепсија за колачи, претходно обложена со хартија за печење.
За подготовка на чоколадниот фил, ставете ги индиските ореви, водата, кокосовото масло и медот во блендер и мешајте додека не добиете соединета смеса.
Додајте ги и останатите состојки и мешајте уште неколку секунди, па прелијте го филот врз корите.
Оставете го колачот да стои во фрижидер најмалку шест часа (пожелно е и подолго) пред да го послужите.
Украсете го со листови од бадеми.

Слични содржини