Комерцијална банка донираше две амбулантни возила

од Vladimir Zorba

Комерцијална банка донираше две амбулантни возила, 280 кислородни концентратори, маски за неинвазивна вентилација и 7.120 тестови за коронавирус, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

Ова е петта донација на оваа општествено одговорна компанија, со што вредноста на вкупните донации достигна околу 600 илјади евра.

– Комерцијална банка е една од првите компании кои ни помогнаа во здравствената криза. Тие беа со нас од почетокот на кризата и останаа со нас за време на целата криза. Упатувам огромна благодарност, со донациите значително го подигнавме нашиот капацитет во справувањето со ковид, истакна Филипче.

Слични содржини