Комерцијална банка и Триглав Осигурување Живот со заеднички настап во сегментот животно осигурување

од Vladimir Zorba

Со цел да им заштедат време и средства на своите клиенти, Комерцијална банка АД Скопје и Триглав Осигурување Живот АД Скопје склучија Договор за соработка во делот на животното осигурување, по што нивните производи ќе бидат уште поатрактивни за корисниците.
Новото партнерство има за цел да ја зголеми понудата на банкоосигурување на македонскиот осигурителен пазар и да обезбеди комплетна услуга за кредитокорисниците во Комерцијална банка.

Комерцијална банка веќе неколку години нуди услуги од доменот на неживотното осигурување, а својата посветеност на потребите, сигурноста и довербата на клиентите сега ќе ја надгради и со услугите од сегментот животно осигурување.

Триглав Осигурување Живот АД Скопје на македонскиот осигурителен пазар работи три години, а во 2021 година има најголем апсолутен раст на премијата во доменот на животното осигурување и доминира во бројот на продадени полиси. Триглав Групација, од која е дел и Триглав Осигурување Живот, АД Скопје, на пазарот е препознатлива со својот професионален пристап кон клиентите, на кои им овозможува креативни прилагодени производи со сеопфатни покритија, но и уникатно корисничко искуство, типично за една од водечките групации во Југоисточна Европа.

Слични содржини