Комична сцена на стадионот на Партизан: Куче изврши нужда на сред терен (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Комична сцена се случи на натпреварот помеѓу Партизан и Анортозис во Конференциската лига на УЕФА. На загревањето пред мечот за пласман во нокаут фаза, на теренот истрча едно куче.

Кучето не се задржа долго на теренот, но успеа да изврши нужда.

Сепак и откако започна натпреварот, кучето повторно се појави на теренот и го прекина натпреварот во 13-тата минута. По тој повод, интервенираше еден од играчите на Анортозис, кој мирно му пријде на „натрапникот“ и со помош на редар, го изнесоа надвор.

Слични содржини