Комисијата без одлука за целодневен престој, чека податоци од МОН колку деца ќе користат

од Берта Китинска

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок не донела одлука дали во основните училишта ќе профункционира целодневен престој за децата кои физички ќе посетуваат настава. Таа очекува од Министерството за обрзование податоци за тоа колкав е бројот на децата, кои освен настава со физичко присуство, родителите ќе ги пријават за целодневен престој, па потоа ќе донесе одлука.


– Ова прашање не е сè уште решено. Како Комисија за заразни болести мора да имаме точен број на деца кои би го користеле дневниот престој по завршување на наставата. Тие податоци треба да ни ги обезбеди Министерството за образование и наука, па дури потоа да донесеме одлука, односно да препорачаме, вели за МИА д-р. Александар Стојанов, директорот на Центарот за јавно здравје на Скопје и член на Комисијата за заразни болести.

Слични содржини